Не постои ништо поважно, во овој момент, од договорот со Бугарија и зачувувањето на нашиот идентитет, коментира професорката Весна Јаневска.
Таа додава дека, сепак, постојат секојдневни проблеми кои на директен или индиректен начин доведоа до оваа ситуација.
Образованието, како битен елемент на формирањето на личноста, очигледно до некои луѓе воопшто не допрело, иако јас лично мислам дека нашиот образовен систем имал и добри периоди. Во тој правец, сакам да посочам на неколку негативности кои се случуваат, а можеби заради гротескната проказна со Бугарија изгледаат небитни.
Нема ништо небитно во функционирањето на една држава, а особено не во образованието. Вчера од БРО е испратен официјален допис дека свидителства на учениците ќе се издадат во август. Тендерот за свидителства им пропаднал, имало жалби, па сега таа процедура продолжува затоа што веројатно пак има жалби и така во недоглед. Зошто и како ова се случува тие си знаат (а знаеме и ние), но битно е дека свидителства нема.
Предметот „Содржини и програми од училиштето“ се оценува, но оценката не влегува во просекот. При пресметка на просекот во е-дневникот нема можност оваа оценка да се исклучи. Некои наставници (вработени пред 3 месеци) се’уште немаат добиено пасворд од МОН и не можат да работат во е-дневникот. На обуките, кои во моментот се спроведуваат за четврто одделение по новата Концепција, наставници велат дека дрскоста и неукоста на одредени предавачи ја надминуваат секоја граница на пристојнст. Конечно резултатите од тестирањето во гимназијата „Орце Николов“ покажаа крајно поразителни резултати. Жално за децата, но и за родителите и наставниците.
Причините бројни, но едно според мене е сигурно. На децата им покажаа, на дело, дека без знаење може да се стане мултимилијардер, дека без знаење може да се има висока политичка функција, дека со разни манипулации може да се стигне до задоволство и лесен живот. Во темнилото на состојбата во која се наоѓа Македонија, децата го избраа полесниот пат. Сите други чинители потфрлија и им го дозволија тоа. Сите други се сега криви само вистинските виновници немаат никаква одговорност. Во севкупното лудило на распадит на еден систем ве потсетувам само на еден детал. Ве молам видете ја сликата подолу.
На крајот, ништо не е поважно од зачувувањето на идентитетот и државата, ама тоа не се прави со непсмени, тоа се прави со писмени и образувани! – наведува проф. д-р Јаневска во својата реакција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.