Во училиштата и градинките ќе се штрајкува петти ден, зашто сѐ уште нема договор за повисоки плати на вработените. МОН вчера повика наставата да продолжи, а паралелно да има преговори, на што СОНК одговори дека без прифатлив предлог и понуден процент за покачување на платите, не може да го прекинат штрајкот.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири рече дека го почитува правото на штрајк, како уставно и законски загарантирано, но дека синдикалното раководство треба да му даде предност на социјалниот дијалог и додека тој трае, редовната настава да продолжи, притоа потсетувајќи на загубеното во изминатите две години поради пандемијата.

Aпелирам до сите општествени чинители, а особено до СОНК и до наставниците, кога носат одлуки и постапуваат, да се водат од најдобрите интереси на учениците. Да им овозможиме на учениците навремено да ја завршат учебната година и да ја почнат подготовката или реализацијата на веќе зацртаните планови за иднината. Тоа е наша заедничка должност, законска, етичка и морална обврска и верувам дека доколку не од утре, веќе од понеделник воспитно-образовниот процес ќе се нормализира, а со тоа и секојдневното функционирање на многу семејства во чии домови има ученици, истакна Шаќири на прес-конференција пред Владата.

Тој додаде дека со минималната плата ќе се усогласат и сите останати, вклучително и во образованието каде, како што рече, дополнително ќе следува и зголемување за одреден процент за кој во моментов се преговара.

Дијалогот ќе продолжи сѐ до изнаоѓање конечно и заедничко прифатливо решение за сите засегнати страни. Она што како министер го барам, а верувам дека исто го мислат сите одговорни граѓани, е да ги вратиме учениците во училиште, затоа што не смееме да дозволиме да губат од наставата и учењето. Тоа ќе создаде дополнителни празнини во знаењата кои понатаму тешко или воопшто не се надоместуваат, рече Шаќири.

На апелот на МОН одговори СОНК – очекува реална и конкретна понуда која членството ќе ја разгледа, а без предлог, штрајкот не може да прекине. Од Владата и надлежните министерства – МОН и МТСП, Синдикатот побара сериозен пристап и волја да понудат соодветен процент на зголемување на платите за вработените во училиштата, градинките и ученичките домови.

Тежиме кон иста цел, но се движиме по различни патишта. И наша цел е штрајкот побргу да заврши и децата да се вратат во клупите и занималните, но треба да ни се вкрстат патиштата и да има прифатливо решение за штрајкот да прекине. Уверени сме дека го правиме вистинското во интерес на членството. Без прифатлив предлог, практично е невозможно да се прекине штрајкот… дали 18,4 или друг процент, ние мора да имаме понуда, истакна Неделков.

Кој е процентот што би бил „црвена линија“ за СОНК, тој рече дека не може да каже, зашто ни самиот не ја знае и ќе ја одреди членството кое ќе одлучува за секоја понуда што ќе ја добијат. Ако 50 проценти плус еден глас, како што рече, се изјаснат дека е прифатливо како чекор кон подобрување на социјалниот дијалог, но ако нема 50 проценти – нема да прифатат прекин на штрајкот.

Неделков на прес-конференција информираше и дека се задоволни од односот на директорите во основното и средното образование кон штрајкувачите, но, рече, сериозни и жестоки притисоци има во градинките. Тој соопшти дека тоа се случува во две третини од градинките каде што од адреса на службеник во МТСП, како што рече, се праќаат пораки и неформални писма без потпис и печат, со потсетувања до директорите на градинките како треба да постапат, дека по закон треба да работат осум часа, дека ќе им бидат скратени дневници…

Претседателот на СОНК рече и дека вработените се жалат на мобинг и нехумани услови за штрајкување. Заради заштита на нивниот идентитет, не кажа за кои градинки се работи, но повика надлежни за мониторинг – инспекции и локални самоуправи да влезат во градинките и да проверат.

Ние тоа го толкуваме како жесток притисок врз штрајкувачите во градинките кои имаат законско право да го изразат своето незадоволство. На ваков начин не се гради доверба и не се наоѓа решение на проблемот, рече Неделков.

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска вчера информираше дека се штрајкува во 50 градинки, а нема штрајк во 25, дека децата се згрижуваат и нивниот опфат од ден на ден е сѐ поголем.

Тренчевска посочи дека социјалниот дијалог продолжува, но дека уште не може да се зборува за пренамена на буџетски средства за да се обезбедат пари за вработените во градинките, како што тоа како опција го најави Министерството за образование и наука за наставниците.

Социјалниот дијалог продолжува. Сѐ до моментот додека немаме конечно решение не можеме да зборуваме за пренамена на средствата, затоа што СОНК, покрај зголемувањето на платите, има и други барања. Колективниот договор завршува на 28 јуни и таму ќе се внесат сите барања кои се оставени од СОНК до Министерството за труд и социјална политика и ќе го донесеме најсоодветното решение, додаде министерката Тренчевска.

 

Share this…
Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn
ознаки: сонк
Прочитај повеќе

Регенерирани колена и зглобови за 3 недели? Погледнете како

НАЈМЛАДАТА МИЛИЈАРДЕРКА ВО КОСТУМ ЗА КОЈ ЖЕНИТЕ СОНУВААТ: Кајли Џенер носи креација од српска дизајнерка

Како се ослободив од варикозноста за 1 недела

Македонија со реми се враќа од Чешка

Спасовски проговори за приведување на Зеќири: Корупцијата е најголем проблем

Возраста не е пречка во животот! 109-годишниот кардиолог ја сподели тајната за долговечноста и одличното здравје
ОД ИСТАТА КАТЕГОРИЈА
ПРЕД ВЕЛИГДЕН: Очекуваме повисока цена на јагнешкото месо кое сега се продава од 400 до 500 денари, велат одгледувачите од Модерен сточар
КОВАЧЕВСКИ НА „ЗАМАТЕН ПОГЛЕД НАНАПРЕД“: Кризава не научи дека мора стратешки да инвестираме, а за тоа 15 години не се водело грижа
ТРЕНЧЕВСКА: Сите градинки работат речиси нормално, ниедна не е затворена, во 25 од нив воопшто нема штрајк, штрајкуваат 50 установи
НЕДЕЛКОВ: Власта се обидува да ги заплаши во градинките, синдикатот одговара со химната „во сите времиња, зад секоја бура, зад вас стои СОНК“
ГАЗПРОМ: Испораката на гас за Европа се одвива непречено, побарувачката за ресурси е зголемена
Путин одобрил Австрија да плаќа за гасот во евра, 80 отсто од енергенсот во државата е увезен од Русија
НАЈНОВИ ВЕСТИ
ШТРАЈКОТ НА СОНК ПРОДОЛЖУВА: Неделков чека повисоки плати, Шаќири настава в понеделник, а Тренчевска да се почека до лето
СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТ: Власта во Софија продолжува да го крши правото на слобода на здружување на етничките Македонци во Бугарија
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА: Сончев и топол петок до 25 степени, в сабота повторно врнежи од дожд, а в недела постудено и со снег на планините
САЛИ: Ние сме имунизирана нација, 46 отсто сe вакцинирани, а 75 отсто по природен пат со прележување на Ковид-19, тоа ни дава комфор



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.