Претседателот Стево Пендаровски, по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, денеска положи цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“, на платото пред Владата на Република Македонија.
Делегации од Кабинетот на претседателот присуствуваа на чествувањето на Денот на народното востание и во Куманово и Прилеп и положија цвеќе пред Спомен – костурницата во Куманово, споменикот на Методија Андонов – Ченто и пред споменикот на Кузман Јосифовски – Питу и Могилата на непобедените во Прилеп.
Свеченостите по повод 11 Октомври – Денот на народното востание годинава се одржаа под мотото „Секогаш на вистинската страна“, стои во соопштението од кабинетот на претседателот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.