Од пролет почнува градежна офанзива во Прилеп- изградба на 40 улици, обиколница, геолошки истражувања за катна гаража, најави денеска претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој беше во посета на Прилеп, по повод празникот 11 Октомври.

Ќе ми дозволите да го честитам овој голем македонски празник, голем македонски ден а тоа е почетокот на борбата на македонскиот народ за ослободување од бугарскиот фашистички окупатор за време на Втората светска војна. Многу значај овде во Прилеп, бидејќи токму од тука од Прилеп е започната таа борба на ослободување која што денес практично ја донесе оваа независна, суверена македонска држава во срцето на Балканот, рече Мицкоски.

Не треба на тоа да гледаме онака како власта што не тера да гледаме, туку треба да гледаме онака како што е вистината, а вистината е дека за време на Втората светска војна бугарските фашисти извршиле злостор на територијата на денешна Македонија, а македонскиот народ се обединил и го поразил тој злостор и македонскиот народ веднаш после Втората светска војна бил на вистинската страна на историјата. Така е и денеска, така ќе биде и во иднина. Ќе се бориме против фашистите, а Македонија била и ќе остане антифашистичка држава.

 

Инаку од она што покрај вас сакам да го прокоменитрам е фактот што го кажа и градоначалникот дека еве овој проект капитален овдека во центарот на Прилеп практично завршува. Бевме и на цевководот на Пашовски ливади кој ќе обезбеди 10-15% дополнителни количини на питка вода бидејќи немаше општината доволно проекти изминатиот период се проектираше и работеше.

Напролет почнува градежна офанзива со повеќе од 40-тина улици во прилепската општина исто така и проектот кој е значаен и капитален а тоа е влезот од Крушево, Кривогаштани е предаден во министерството за транспорт и врски и очекуваме министерството за транспорт и врски конечно да ја заврши процедурата и да отпочне со реализација на тој проект. Во фаза на подготовка се уште 2 други проекти, познатата обиколница Сивец, да не доаѓаат тешките камиони овдека во Прилеп туку да го заобиколуваат Прилеп исто така и влезот од кај Македонски Брод исто така е во фаза на подготовка. Потоа геолошките истраги за новата катна гаража во центарот на Прилеп.

Така што од состојба на многу проблеми и нула проекти наеднаш ќе имаме многу проекти и веќе оваа пролет започнуваме сето она кое е ветено во програмата на градоначалникот она кое што го ветувавме како ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ да го реализираме и испорачуваме на прилепчани, изјави Мицкоски во Прилеп.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.