Денеска во Собранието го отклучивме процесот на интеграција во ЕУ после цели 17 години, напиша пратеникот Кастриот Реџепи веднаш по усвојувањето на заклучоците за францускиот предлог.
Тој на социјалната мрежа Фејсбук објави видео од самото гласање.
За потсетување, Реџепи е пратеникот кој лани мистериозно „исчезна“ непосредно пред одржувањето на седницата за гласање недоверба на Владата на експремиерот Зоран Заев, а вицепремиерот Артан Груби тогаш за него рече дека „срцето и душата му се во Вашингтон и во Брисел“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.