Павле Трајанов не гласаше за Францускиот предлог, соопштија од ДС.

-На денешната седница на Македонскиот Парламент, на која се расправаше за Францускиот предлот (Преговарачка рамка), Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз и пратеник, НЕ гласаше за заклучоците предложени од СДСМ и ДУИ. Од говорницата порача да се гласа за заклучоците што тој ги предложи, со кои се задолжува Владата да се заложи во Преговарачката рамка да се вгради став за македондкиот јазик, да се изостават билатералните прашања и историските теми, како и Протоколот. Потоа да има една меѓувладина конференција за почнување на преговорите со ЕУ , а вградувањето на Бугарите во Уставот да биде на реципрочна основа, односно Бугарија да ги признае правата на Македонците кои живеат во Бугарија, истакнаа од ДС.

ДС цврсто стои на определбата Македонија да стане полноправна членка на ЕУ, но согласно европските принципи и стандарди и Копенхагенски критериуми,кои целосно ги исполнува, додаваат од таму.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.