Очекувам да има расправа по разрешувањето на тројцата министри од претходниот состав на владата на Димитар Ковачевски. Утре во 10 часот ќе имаме координација со пратеничката група на која ќе присуствувам и јас и таму ќе ги заземеме позициите кои потоа ќе треба да се бранат на собраниската седница, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за Канал 5, во врска со утрешната седница за реконструкција на владата.

Мицкоски истакна дека ова е се, само не е човечки политички и морален чин и додаде дека антидатирањето на документите е криминал и вети дека некој за тоа еден ден ќе одговара.

Во однос на Алтернатива, Мицкоски посочи дека токму тоа беше партијата која на крај на 2021 година ја спаси оваа влада на ДУИ поддржана од СДС за да може да продолжи криминалот, а сега истата ја бркаат од владата.

Тоа само говори колкав е моралниот и човечкиот капацитет на овие луѓе. ќе потсетам дека после ноемвриските настани во 2021 година, Африм Гаши и Алтернатива беа тие кои ја спасија владата на ДУИ, поддржана од СДС. Сега Ковачевски и Артан Груби одлучија буквално со клоци да ги исфрлат луѓето од Алтернатива кои го продолжија овој криминален политички неморал на владата на ДУИ поддржана од СДСМ, рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.