Прашуваме како е возможно ненамерно да се исече премиер од фотографија за кого се вели дека сме пријателски држави, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Верува ли некој дека е ненамерен пропуст како што вели Ковачевски?

Дали пријателството на Ковачевски е само за по дома, а кога ќе излезе надвор од државата никој не го есапи?

Свесен ли е Ковачевски дека заради неговиот пристап на виткана кичма не го понижуваат само него, туку и целата држава.

Дали пораката до Ковачевски е дека е до толку неважен, што не треба да го има ниту на фотографија? Дали Ковачевски побара извинување или ќе молчи и ќе се понижува и себе и државата?

Одамна знаеме дека во СДСМ немаат образ, но тоа не значи дека треба да ја срамат и државата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.