Денес се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, и би рекол дека нема подобро место и поважна симболика од таа да се одбележи овој ден токму тука, во градот Гостивар, место каде имаме симбиоза на традиции, култури, обичаи, општина каде официјално се говори на три јазика, каде луѓето не живеат едни покрај други, туку едни со други, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој денеска присуствуваше на Трибината на тема „Мајчиниот јазик е идентитет”.

Место каде луѓето одлично се разбираат и имаат почит за себе, но имаат почит и кон другите. Мајчиниот јазик е најважното идентитетско обележје на еден народ и на неговата култура. Навистина тој е идентитетот на луѓето или како што Блаже Конески велеше, тој е единствената неподелена татковина, мисла која во суштина не одразува територија, туку идентитет на народ, го означува неговото постоење, богатството и е неговата лична карта пред целиот свет.
Новиот патриотизам значи да се обединиме сите, христијани, муслимани, атеисти, во идејата за заедничка иднина, тоа е Македонија за сите луѓе!, порача тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.