Портпаролот на Кривичниот суд  Дејан Ристовски на денешното рочиште на случајот „Меѓународен сојуз“ се закани со тужба за порталот „Република“ поради наш напис дека на денешното судење на обични граѓани не им било дозволено да присустуваат.

Ристовски дрско и безобразно додека траеше рочиштето му пријде на нашиот новинар Игор Чавески и му се закани со тужба. Доколку смета дека е во право може да испрати демант кој ние уредно ќе го објавувиме а не веднаш да се заканува со тужба.

Ова не е првпат Ристовски да се однесува арогантно, но овојпат ја презеде улогата на обвинител и на судија наместо на обичен портпарол.

А дека „Република“ ја говори вистината потврдија неколку граѓани кои ни се пожалија дека биле спречени да влезат. Им рекле дека не можат да влезат бидејќи не се акредитирани и не се новинари, а при тоа не биле легитимирани.

Истото на новинарот на „Република“ му го потврдија и адвокатот Сашо Дукоски и уште двајца сведоци  кои тврдат дека пред нивни очи неколкумина граѓани не биле пуштени да влезат.

Затоа го повикуваме Ристовски слободно да тужи и да не им се заканува на новинари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.