Поранешниот претсетел Ѓорге Иванов, претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев, амбасадорот Мартин Треневски не неговата сопруга, амбасадорката Василка Попска Треневска се меѓу илјадниците кои излегоа да се простивстават на францускиот предлог.

Граѓаните на Македонија масовно излегоа на протестот пред Владата и порачаа „не“ за бугаризацијата. Во тек е сенародниот протест „Ултиматум – Не благодарам“ пред зградата на Владата.

Главниот град на Македонија е исполнет како никогаш до сега. Како никогаш досега излезе народ мотивиран од патриотски порив. Реки од народ се слеваат во главниот град, се веат македонски знамиња, се пеат патриотски песни. Македонскиот народ масовно е излезен и со македонски знамиња и пароли искажувајќи го својот револт против францускиот предлог и јасно порача: „НЕ за бугаризација“.

Поранешниот дипломат и амбасадор Мартин Треневски и неговата сопруга, амбасадорката Василка Попоска Треневска



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.