Доскорешната градоначалничка на Битола од редовите на СДСМ, Наташа Петровска,
вели дека до ден-денес никој не ѝ објаснил зошто не била кандидирана за втор мандат
на локалните избори.

Петровска, во интервју за „Независен“ вели дека имала највисок рејтинг во партиската анкета, но сепак, не добила шанса да се бори за втор мандат.

Да. Според она што имав можност да го видам, и од анкетите на СДСМ и од останатите политички учесници во изборниот процес, имав убедливо водство, како во однос на сите кандидати кои беа во игра во самата партија и во однос на тие од другите партии кои подоцна учествуваа на избори.

 

Единствено заради одредени личности на кои им пречев, пред сѐ заради нивни лични
побуди, исклучиво нивни лични интереси, не бев кандидирана. Никогаш не ми беше објаснето зошто тоа е така, што покажува дека партијата не умеела човечки да се однесува кон своите луѓе – вели Петровска.

Таа не кажува експлицитно дали му кревала телефон на премиерот Зоран Заев, но
потврдува дека не можела, а да не ги бојкотира локалните избор. Како што
вели, против неа агитирале и доктори на науки.

Да нагласам, зборувам за поединци. За луѓе со име и презиме и кои со земањето на
тоа право треба да се носат и со одговорноста на грешниот став. А дека ставот беше погрешен покажа времето. Тие нека си носат одговорност за нивната дрскост и безобразност да поттикнат фијаско на локалните избори. Во оваа пригода, а и во сите други, сите оние на кои не им одговарав, а ги знаеме сите во партијата, ќе треба да имаат храброст да ги погледнат сопартијците во очи и да објаснат, зошто ги обезвреднија анкетите кои на сите партии им укажуваа (според нивните истражувања) која е победничката варијанта.

 

Е сега, тие кои земаат плати од политиките поддржани од останатите кои сега се во незавидна положба заради стопирање на здравите политики, замислете бараат доверба и треба да се наш лик на социјалдемократијата и на вредностите за кои сме се залагале.

 

Со претседателот Заев сме имале комуникација во која ги навестив моите чекори. Исто така и со негови блиски луѓе. Стојам на ставот дека со тоа што не добив кандидатура за втор мандат некредибилно беше мое делување во поинаква форма – смета поранешната градоначалничка на Битола.

Според Петровска, СДСМ за време на локалните избори премногу се потпрел на
директорите кои, според неа, немаат никаква врска со реалните проблематики, што на
крајот ја чинело партијата катастрофален пораз на локалните избори во големите
градови.

Повеќе на „Независен“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.