Поради дефект на еден од компресорите два дена беа одложени елективните операции, но не и итните случаи за операција на пациенти, велат од Министертвото за здравство, откако Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ објави дека три дена се затворени сите хируршки сали на Клиниката за хирургија, не се одржуваат неопходни операции за итни и животозагрожувачки пациенти.

Не е точна информацијата за наводен колапс на Клинички центар. Се работи за дефект на еден од компресорите поради што многу инструменти зависат од притисок кој го генерираат пумпите, затоа два дена елективната програма (операции кои не се итни, ), а не итните случаи беа одложени. Проблемот е саниран, а со кислородот немало никаков дефект. Во вторникот е реализирана средба со директорите на Градската општа болница „8 Септември“, ТОАРИЛУЦ, Клиниката за дигестивна хирургија, КАРИЛ кадешто е постигнато усогласување и во тек е усвојување план како ќе се одвива кохортацијата на пациенти кога ќе почне реновирањето на КАРИЛ, велат од Министерството за здравство.

Од Министерството за здравство додваат дека компресорската станица требала да биде променета уште пред три години.

Во тек се активности на министерот за здравство за проверка на сите компресорски станици во Клинички центар и брзо ќе се пристапи кон промена на сите компресори кои се дотраени, велат од МЗ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.