Понудата на СДС се сведе на пуштање на стари фотографии и ширење на лажни вести.
И откако СДС си ја нахрани дневната потреба за лаги и манипулации пуштајќи стари фотографии од средби, да се насочиме кон суштината, oбвини ВМРО-ДПМНЕ.

Трамп имаше средби со Ким Јонг Ун, Бајден со Путин, Вучиќ со Курти… За СДС очигледно политиката е сведена на само на лажење и крадење. Во нормалниот свет таа се сведува на убедување на аргументи, расправа со факти.

СДС колку и да се труди колку и да пушта стари фотографии од средби со бугарски политичари неизбришлив факт е дека СДС се сведе на пудлица на бугарската политика во Македонија.

Направија штетен договор, Бојко го нарекуваа брат, велеа дека Бугарите за втора светска војна се администратори, а не окупатори, Стево љубави коленичеше пред бугарскиот претседател и премиер. ВМРО-ДПМНЕ нема да води црна кампања против СДС и Пендаровски, туку изворно и доследно ќе посочува на неговите изјави, јавноста сама може да суди.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.