Владата на вчерашната седница го именуваше Сашо Тасевски за директор на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, кој и досега ја извршуваше оваа должност. Тасевски за првпат со одлука на Влада беше назначен за директор на Биро за јавна безбедност на 22.08.2018 година.

Во периодот од досегашното повеќе од три годишно извршување на функцијата, полицијата бележи успешни резултати, велат од Влада.

Сашо Тасевски е магистар по криминалистика и криминологија на Факултетот за безбедност во Скопје и докторант.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.