Каква дрска и безобразна неправда, какво силување на немоќниот, на искористениот, на уморениот, на веќе обесправениот, коментира Ивор Мицковски за пресудата против кавадаречките работнички, за кои судот пресуди дека не докажале дека биле вработени во фирма и затоа нема да ги добијат неисплатените плати:

Погледнете ги овие жени, овие работнички кои беа измамени и оставени без заработените плати и без работа.
Судот одлучува дека они треба да платат 20 илјади евра.
Судот на оваа криминална политика, децата, мајките и сопружниците на овие криминални политичари.
Каква дрска и безобразна неправда, какво силување на немоќниот, на искористениот, на уморениот, на веќе обесправениот.
Има многу луѓе како овие жени во Македонија, 30 години на маргините и третирани како последните во едно општество, ама за мене овие луѓе се секојдневните херои, оние кои нешто работат, кои решиле во една нечесна земја да живеат чесно, скромно и достоинствено, ама ете и тоа им е одземено.
Срамниот суд, срамните газди и срамната држава се откажаа од овие жени.
Срамота, ова е огромна срамота, вели Мицковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.