По мајката и бебето кои во болнички кревет се лекуваат од туберкулоза, денес хоспитализирани се и останатите четворица членови на ова кумановско семејство, пренесува „Телма“, според чии информации иако се без симптоми и во добра здравствена состојба, сепак се инфицирани со туберкулоза.

Со дополнителни анализи ќе се утврдува дали се само носители на вирусот или пак заболени.

Тие секако дека треба да се изолирани, овој позитивен тест не значи дека се болни туку значи дека се инфицирани со туберкулоза. И сега од понатамошните други анализи зависи дали овие деца ќе бидат поставени на заштитна терапија за да не развијат активна болест или ќе ги лекуваме како болест, како туберкулоза, вели д-р Катерина Бошковска, раководител на одделот за туберкулоза во ЈЗУ Институт Козле.

До вчера тие беа во својот дом во населбата Банево Трло во Куманово и според сведочењата на таткото – дискриминирани и отфрлени од околината. Тој една недела не оди на работа, а ниту децата во училиште, додека надлежните не се „на чисто“ за нивната здравствена состојба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.