Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски информира дека започна целосната реконструкција на градскиот парк и Куманово добива нов
простор за спорт и рекреација, како што доликува на еден модерен и урбан град.

Куманово добива нов простор за спорт и рекреација, со нови пешачки патеки, нови смарт клупи, соларни канделабри, ново детско катче, простор за домашни миленици, нов спортски терен, нова фонтана, нов паркинг простор и платформа за одржување настани на отворено. Со друг проект е предвидена целосна реконструкција на улица Братство и единство со тротоари, а се подготвува и дополнително нејзино поврзување со булевар Октомвриска Револуција. Куманово продолжува да се развива, Kуманово продолжува да се менува!, рече Димитриевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.