Во Штип е во тек Втората академија за здравство за која има голем интерес, соопштија од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

Според Комисијата на ВМРО ДПМНЕ станува збор за ддличен спој на стручност, експертиза, знаење, искуство и енергија.

Фокус на оваа Втора академија се нови методи и процедури кои се имплементираат во здравствениот систем, како и новини во медицинските протоколи – најсовремена терапија која не е на позитивна листа и осврт на модели за финансирање за персонализирана терапија, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

Оваа Втора академија за здравство е иницирана од врвни експерти, специјалисти во своите области кои се дел од нашиот здравствен систем, а со поддшка на Централната комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.