СДСМ ја отфрли Декларацијата за Гоце Делчев, а според пратеничката Жаклина Лазаревска од истата партија, почитта кон Гоце е враќање назад во времето, а не напред.

Ни пречи што со Декларација сакаме да се враќаме назад. Она што ние веќе го имаме за Гоце во нашата химна, во именувањето на улици, на училишта, во празнувањето на Гоце Делчев и почитта кон него навистина значи враќање назад, а не напред со таа декларација, рече таа од собраниската говорница одговарајќи на новинарско прашање.

Покрај СДСМ, денекса против Декларацијата за Гоце Делчев на собраниската комисија за надворешни работи против гласаше и ДУИ.

Пратеникот Антонијо Милошоски вели дека не е исклучена можноста за тргување со македонската историја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.