Во тек е втората недела на штрајк на вработените во градинките, основните и средните училиште во Македонија. Организатор на штрајкот е Синдикатот на образованието, науката и културата (СОНК). Тие бараат зголемување на платите за 18,4 отсто, а Владата им понуди 10 отсто. СОНК го одби предлогот на Владата.

Арбен Таравари, актуелниот градоначалник на Гостивар на својот профил на фејсбук сподели табела на која се гледа споредба на платите на наставниците во земјите-членки на Европската унија и Македонија. Највисоко на табелата е Луксембург, каде што просечната плата е 3.500 евра, а платата на наставникот кој просечно има девет ученици во едно одделение е 5.300 евра. Во Шведска на пример, просечната плата е 2.900 евра, а наставникот зема 3.130 евра. Во Македонија просечната плата е 487 евра, а наставникот кој има најчесто 30 ученици во еден клас зема 402 евра плата, стои во табелата која ја објавува Таравари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.