Демократската обнова на Македонија – ДОМ го одржува петтиот конгрес на кој се очекува да биде реизбрана актуелната претседателка Маја Морачанин.
На седницата на централниот одбор на партијата беше утврдено дека Морачанин е единствениот предлог за претседател на партијата, а беа утврдени и предлозите за членови на централниот и надзорниот одбор на партијата. Одлуката за одржување на петтиот конгрес на партијата беше донесена на 16 октомври од страна на централниот одбор. ДОМ е инаку дел од владејачкото мнозинство и има еден пратеник во парламентот, актуелната претседателка Морачанин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.