Министерот за здравство Фатмир Меџити, кој инаку доаѓа од партијата Алијанса за Албанците, при денешната посета на Куманово одбил да одговори на новинарско прашање зошто по само неполн месец е разрешена Биљана Ивановска од директорка на Општа Болница Куманово, пишува на својот фејсбук профил Бране Петрушевски.

Да им помогнам на новинарите, причината е внатре-коалициските несогласувања помеѓу владините партнери, поконкретно, доцнењето на Спасовски со поставување на началници по СВР-ата во западна Македонија од редовите на Алијанса за Албанците, согласно нивниот коалициски договор. Знам дека ќе го негираат ова и ќе се вадат на нестручно работење, но така пак само ќе потврдат дека СДС става несоодветни лица на раководни позиции.

Денес благодарение на “коалицискиот капацитет” на СДС, во Куманово и целиот североисточен регион НЕМА уролог, но во трите здравствени институции има:
Директор на општа Болница Куманово – Фати Џемаили од АА
Директор на Здравствен дом Куманово – Фарук Алили од ДУИ
Директор на Центар за јавно здравје – Ариф Љатифи од ДУИ

Па јавно го поставувам прашањето – постои ли СДС во Куманово???



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.