Министерката за одбрана Славјанка Петровска во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 посочи дека нема никаков проблем со исплата на платите во војската.

Според Петровска, тие течат редовно.

Околу додатоците, Петровска вели дека има многу тужби, а додава и дека Министерството е жртва на спротиставени судски одлуки.

„Тука спаѓаат различни видови на додатоци кои што се предвидени во Законот за служба на Aрмијата, но морам да кажам дека е наидено на конфликт, спротиставеност помеѓу одредби од Законот за служба на Aрмијата, со Законот за работни односи, па делумно и со Колективниот договор“, вели Петровска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.