Со францускиот предлог сведоци сме на страшен геноцид. Зарем на овој начин треба да влеземе во ЕУ, така понижени и обезличени? За сите земји во ЕУ важат закони, норми, конвенции, само за нас не важат, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ангелинка Петкова на денешната собраниска седница.

Таа истакна дека оваа процедура во ова собрание е чиста фарса, владата само сака да си обезбеди алиби.

Во оваа информација се споменуваат Копенхашките критериуми кои гарантираат демократија и владеење на правото. Кажете ми според кое право и европски стандарди ние Македонците треба да се откажеме од македонскиот јазик, историја и така обезличени да влеземе во ЕУ? Дали сте свесни што ќе гласате и потпишете?- праша таа.

Петкова додаде дека нема никакви гаранции дека нема да има понатамошни условувања од страна на Бугарија. Напротив барањата ќе се множат и нема да имаат крај.

Тие ќе станат дел од процесот  и ќе добијат легална основа  во пакетот на документи на ЕУ. Тој фамозен протокол е дел од преговарачката рамка.  Точно е дека ќе се преговара историските прашања за споменици, за учебници, ќе се преговара за македонскиот јазик и нема елементи за заштита на македонскиот идентитет.  Кажете ми како да гледаме на овој предлог после непристојните изјави од страна на бугарските политичари. Андреј Ковачев порачува дека Македонците се Бугари, а Бугарија се протегала од Охрид до Црно Море. Европратеникот Ангел Џамбаски вели дека до 1944 година не постои македонска нација и се било бугарско и се дека значи Гоце Делчев бил Бугарин. Каракачанов вели дека не постои македонски идентитет одделен од бугарскиот. Овие изјави или не ги разбирате или се правите дека не сте ги слушнале, нагласи Петкова.

Таа додаде дека ова е понижувчко за сите борци кои го дале својот живот за слободна Македонија, за илинденците, асномците, сите борци од гевгелиско, за Леонид јанков, Апостол Петков Терзиев, за Владо Кантарџиев од Гевгелија кој својот живот го дал во Страмашево каде бил убиен од бугарскиот фашистички окупатор.

Нема да гласам за никаква информација, нема да гласам за никаков предлог, потенцираше Петкова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.