Дали власта подготвува решение на спорот со Бугарија по примерот на Грција. Јавноста и опозицијата немаат никакви информации за преговорите и информациите наместо од Скопје ни доаѓаат од Софија. Одвреме-навреме премиерот Ковачевски ќе излезе со изјава дека за него нешто е прифатливо, но никој не знае што и колку тоа е опасно за Македонија.

За нас најстрашната варијанта би била доколку бугарските барања влезат во преговарачката рамка. Во таква ситуација Македонија ќе стане заложник на Бугарија и нема да можеме да се надеваме на членство.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ бара од Ковачевски да каже кои се тие бугарски барања кои тој ги прифаќа, но за да не му падне владата, Петков ги предлага како дел од рамката за влез во ЕУ.

Ковачевски прифаќа бугаризација на Македонија, ако дозволи бугарските барања за негација на јазикот и нацијата да бидат дел од рамката за влез во ЕУ – децидни се од опозицијата.

Петков во изјава оза бугарските медиуми отрки дека би било контрапродуктивно и против бугарските интереси доколку Бугарија инсистира на исполнување на сите нејзини барања пред отпочнување на преговорите со ЕУ, односни дека тоа ќе значи пад на владата на Ковачевски, и дека сите тие бугарски барања треба да бидат дел од преговарачката рамка на Македонија со ЕУ. Особено сега кога има влада како таа на Ковачевски која е спремна истите тие барања да ги реализира.

Оттука се поставува прашањето, кои се тие бугарски барања за кои и Петков знае дека доколку Ковачевски ги прифати наеднаш ќе падне владата? Дали тие барања задираат во македонскиот идентитет, јазик и историја?Дали тоа што прифаќа бугарски максималистички барања Ковачевски не сака да побара писмени гаранции за македонскиот јазик, идентитет и историја, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачевски пак вчера се правдаше дека преговорите со Бугарија се водат врз основа на европските вредности, врз задржување на достоинството на граѓаните на двете држави, како и врз основа на меѓусебно почитување и на политичарите и на сите институции во државите.

Само ако така се водат преговорите, може да има позитивен дијалог, тон и начин на комуникација што ветува дека може да се дојде до решение за кревање на ветото. Ние треба да кажеме дека Македонија има вето од соседна држава за почнување на првата меѓувладина конференција. Доколку бидат тие услови исполнети, тогаш може да се очекува договор, но само ако бидат исполнети тие услови, потенцира Ковачевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.