Во Нивици беше потпишан договор што ја институционализира Македонија како земја од втора категорија, вели во интервјуто за МКД.мк Џејмс Петифер, професор по историја на универзитетот Оксфорд, кој уште пред потпишувањето повикуваше на запирање на преименувањето на македонската држава и на целиот пакет на уставни промени поврзани со тоа.

Јa познавам Македонија уште кога беше социјалистичка република. Мислам дека постоењето на Македонија никогаш не беше признаено од соседите уште од тогаш. Меѓународната заедница направи голема грешка со тоа што не се изјасни јасно за Македонија, не покажа јасна посветеност и никогаш не ја призна како независна. Тоа беше препорачано уште во извештајот на Арен.

Но Британија и Франција не го прифатија тоа сакајќи да ја зачуваат Југославија. Долго водеа политика за да ја зачуваат Југославија. Затоа сме тука каде што сме. Повеќето проблеми водат корени од тогаш. Се разбира дека Грција и Бугарија, бранејќи ги националните интереси, го искористија правото на вето за членството на Македонија во НАТО и ЕУ затоа што беа единствените членки на ЕУ и НАТО од регионот. Тоа не беше добра ситуација. Охридскиот договор беше неопходен. Но тука требаше да се застане. Преспанскиот договор е чекор назад од тоа. Сериозен чекор назад. Премногу ѝ се даде на Грција. И се понижија луѓето тука, во Македонија, вели тој.

Професорот Џејмс Петифер е автор на 11 книги за Балканот по Отоманската Империја и предава историја на Универзитетот Оксфорд, Велика Британија. Вчера во Матица македонска беше промовирано македонското издание на книгата „Езерата и империите во македонската историја – оспорување на водите“ на професорите од Лондон – Џејмс Петифер и Миранда Викерс.

Целото интервју на МКД.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.