Дезертерот Ковачевски може да бега од одговори, може да се прави недоветен, може да се крие зад кумот, ама аферата Броило го разоткри соларниот картел кој што го создал околу себе, тежок над 26 милиони евра, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Постои основано сомнение дека преку трговија со влијание се обезбедувани милионски бизниси, притоа злоупотребувајќи државни позиции и функции.
Фирмата која ја основал Ковачевски, Пиксел груп заедно со една бугарска компанија основале фирма АЕ СОЛАР АД Тетово за производство на фотоволтаични панели во ТИРЗ ТЕТОВО. Сето ова се случува откако Ковачевски е станат премиер. Симптоматично и бугарската компанија партнер исто така е формирана откако Ковачевски станува премиер. Оваа новопечена, ќе ја наречеме “бугарско-ковачевска“ инвестиција според информациите од медиумите треба да добие државна помош, што би било судир на интереси, бидејќи владата предводена од Ковачевски ќе даде помош на бизнис во кој удел има компанија основана од Ковачевски, а водена од неговиот кум, велат од партијата.

Од таму додаваат дека да биде матната зделка целосна, постои основан сомнеж дека оваа компанија од Тетово која е дел од соларниот картел поврзан со Ковачевски треба да произведува и продава фотоволтаици за ФЕЦ Осломеј во која државата има удел.

Ете тоа е БРОИЛОТО кое брои милиони евра на контото на соларниот картел на Ковачевски, додека народот и стопанството тонат кон банкрот. Дезертерот Ковачевски треба да каже дали и колку државна помош треба да добие компанијата АЕ СОЛАР од Тетово која е дел од овој соларен картел? Дали и колку од произведените панели треба да ги продаде на ФЕЦ Осломеј во кој државата има удел? И на крај да каже каде и колку тој лично влијаел ваквата бизнис шема да се развива и БРОИЛОТО да врти милиони? Освен овие следат и други детали за оваа афера Броило, стои во партиското соопштение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.