Ние како ВМРО-ДПМНЕ сме кажале јасен став за уставните промени и нема да ги поддржиме истите. До сега се што зборува Владата е дефокус, тие се спин мајстори. Разговори со пратеници од нашата пратеничка група нема ниту ќе го поддржиме промена на Устав, рече Жаклина Пешевска, пратеник и претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во мисјата Само вистина што се емитува на телевизија Канал 5.
Според неа владеачката колиција е влезена во политичка криза.
Прво нека си ја решат состојбата во својата пратеничка група, па потоа нека гледаат за други. Македонија е обврзана да ги внесе Бугарите во Устав затоа што имаме Влада без кичма, а нашите квазиполитичари си ја погазија и резолуцијата за црвени линии гласана во Собрание, укажа Пешевска.
Пратеничката дополнително укажа дека ВМРО-ДПМНЕ воопшто не била вклучена во разговорите за вака клучни и стратешки теми.
Власта покажа сервилност кон сите, притоа не ги интересираат воопшто граѓаните. Во Закон за здруженија и фондации да не поднесевме ние измени што треба да исполнуваат здруженијата кои се регистѕрираат како бугарските, на власта немаше да и текне, рече Пешевска.
Пешевска го праша Горан Сугаревски од СДСМ кој беше дел од дебатата во емисијата дали воопшто е признаено македонското малцинство во Бугарија.
„Дали со Договорот во Бугарија го поништивте малцинството наше во Бугарија“, го праша Пешевска, Сугаревски од СДСМ укажувајќи дека уништија се што е македонско.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.