Најистакнатите македонски Бугари, кои добиваат најмногу закани, немаат бугарско државјанство, но доставиле документи пред многу години, вака изјавил во интервју за „БНТ“ секретарот на сега затворениот бугарски културен клуб „Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков. Тој пред два дена доби бугарско државјанство, а како што вели во интервјуто и понатаму добива закани, кои се зголемиле по официјалното добивање на документите.
Пендиков порачал дека на македонските Бугари им е потребна помош.
Сакаме да имаме еднакви права како и другите кои живеат во Македонија. Бугарите прво беа малтретирани од државните институции, како што е полицијата. Потоа, нивните фотографии беа споделувани во различни онлајн групи каде што ги нарекуваа предавници и повикуваа на насилство, рекол тој и додал: „Нè направија како црн ѓавол во Македонија“.
Пендиков истакнал дека Бугарија е таква каква што ја очекувале: „Блиска земја која секогаш ни помагала. Не знам зошто, ако ја зборуваме вистината, некои луѓе се навредени од ова“.
Тој изјавил дека „бугарското државјанство му дава да се чувствува спокоен како Бугарин до крајот на животот“.
Во интервјуто обелоденил дека ќе се врати во Македонија на крајот на месецот на следното судско рочиште за нападот врз него.
Инцидентот со Христијан Пендиков се случи на 19 јануари во кафе-бар на Кејот на Охридското Езеро во Охрид. Случајот предизвика тензии во односите меѓу Софија и Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.