Пендаровски изгуби секаков кредибилитет и интегритет. Целиот мандат го помина во газење на достоинството на народот и на Македонија. Од едицијата „Собрани дела на Пендаровски Стево“ денес ќе потсетиме на неговиот речник од кој би требало и самиот да се срами, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Имено Пендаровски и СДС треба да се срамат од зборовите и фразите „стока“, „луѓе собрани во бачило“, „роботи во кафез“, „психопат“, „не е со сите“, „ако имаш нешто меѓу нозе“, „сурати во Брисел“, „ушмркан“, „му фали нешто во главата“, „гнида од човек“ и слични, кои Пендаровски ги користи во своите јавни настапи.

Ваквиот речник на кочијаш на Пендаровски говори за неговиот карактер, а човек со таков вокабулар е брука за Македонија. Тоа е вистината од која Пендаровски не може да побегне.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.