Кандидатот за претседател Стево Пендаровски на дебатата на Македонската телевизија вели дека нема ништо против доколку добие уште еден мандатот да се промени онаа формулација „20 проценти“ во Уставот кој се однесува на јазикот да стои албански јазик.

Ако влеземе во уставни промени, во однос на тоа дека Бугарите треба да ги ставиме во Устав заедно со други 5 делови од народи, значи ако се отвора Уставот, Уставот не треба да се отвора секој понеделник, ако го отвораме, можеме да го промениме и делот во однос на овие 20 отсто, и во делот од суспензивно во апсолутно вето. Немам дилеми околу тоа. Не велам дека само за апсолутно-суспензивно треба да се менува Устав,  меѓутоа ако веќе го отвораме за ова што ни е главна пречка, кон ЕУ, треба да го направиме тоа, рече Пендаровски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.