Претседателот Стево Пендаровски денеска изјави дека нема да ги потпише измените на Законот за работни односи со кои се предвидува работниците на Коридорот 8 да работат до 60 часа неделно.

Не, ако остане во таа варијанта не, зашто веќе постои одлука. Уставниот суд лани ја прогласи за неуставна таа одредба во едне друг закон. Не можеме да ги повторуваме грешките, изјави Пендаровски.

Тој рече дека прво ќе причека да ја слушне парламентарната расправа, а потоа и ќе се произнесе за секој од осумте закони поврзани со „Бехтел и Енка”.

Јас го немам (договорот) во изворна форма. Сакам да ги видам дефинитивните верзии на сите тие осум закони кои се во парламентарната процедура и на крајот, се разбира, тоа и Уставот го бара од мене, ќе се произнесам за секој од нив, подвлече Пендаровски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.