Добро е кога човек ќе сфати па макар тоа било и предоцна.Претседателот Стево Пендаровски на крајот на мандатот народски кажано прогледа за тоа што ни го прави Европската унија, сега преку Бугарија а претходно со Грција.
Претседателе, Европската унија не сака Македонија да стане членка затоа што од нас немаат никаков интерес.Ниту сме богати, ниту се граничиме со Русија, ниту имаме море. Токму од овие причини, добро освен богатството ЕУ одлучи да ја прими Бугарија иако не ги исполнуваше условите.
Ако нешто ЕУ сака по примерот на Унгарија се виде дека може па дури и да го прати Орбан на кафе додека и доделат преговори на Украина кои аполутно не значат ништо ниту пак некогаш оваа земја заедно со Молдавија ќе станат членки.
Впрочем како ќе станат членки, со Донбас, со Крим? Или пак Молдавија со 1200 руски војници на своја територија и со регионот Приднестровје кој само формално е во државата а во пракса е руски.
Затоа претседателе Пендаровски требаше сево ова да го знаете кога го договаравте Францускиот предлог кој практично е услов а не предлог со кој доколку не ги исполниме сите бугарски барања нема никогаш да станеме членки.
Патем и за овој Француски предлог рековте дека не знаете ништо за по неколку дена гордо да се пофалите дека лично сте го преговарале.
Затоа претседателе немојте да се чудите дека вашиот личен рејтинг е на ниво на статистичка грешка а довербата кон ЕУ е во постојан пад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.