Артан Груби го испорача условот на ДУИ, тој кажа дека услов за коалиција и поддршка во втор круг е ДУИ да добие ветување за избор на претседателот на државата во собранието од наредните избори. Стево Пендаровски како слуга, поддржувач и човек што се восхитува на Али Ахмети да каже дали за него е прифатлив овој услов за поддршка во вториот круг, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Пендаровски и СДС јасно да кажат дали ќе прифатат претседател на државата да се бира во собранието, наместо директно од народот? Наместо да бега од одговори, очекуваме јасен став од Пендаровски, колку и тоа да е тешко за него. Едноставно е ќе го прифати или не условот на Артан Груби и ДУИ претседател на собранието да се бира во собранието? Македонија со Пендаровски, СДС и уценувачите од ДУИ тапка во место, а во голем број сегменти назадува. Потребно е народот да си ја врати државата. Промените се во рацете на граѓаните. Македонија повторно горда, пишуваат од партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.