Претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва во „Само интервју“ на Канал 5 рече дека споменикот посветен на ОНА во Слупчане е дивоградба, но и дека комисија на претходната влада на Зоран Заев, составена од експерти и урбанисти, утврдила оти над 90 отсто од спомениците и сето она што е изградено во Скопје како дел од проектот „Скопје 2014“, исто така се дивоградби.
Во март 2002 година е донесен Законот за амнестија. Дел и од бранителите и од УЧК го забораваат тој момент. Во првиот член на Законот се вели амнестија за сите ученици во конфликтот. УЧК тогаш е изедначена со бранителите. Ако не беше изедначена, немаше да биде ДУИ како политички субјект. Сега истите овие што креваат галама околу споменикот, сакам да ги прашам бевте ли вие господа на власт со Али Ахмети во овие 20 години еден период барем? Али Ахмети бил во Влада со вас, затоа што беше амнестиран, рече Пендаровски за поставувањето на спомен-кулата на УЧК во село Слупчане.
„Тоа што кулата нема добиено потврда од Собранието за споменици, тоа кажува дека објектот е дивоградба, исто како што се дивоградби околу 90% од спомениците на плоштад. Што е тргнато од тоа? Ништо. Ако го тргнеме ова од Слупчане, дај да ги тргнеме и овие од плоштад. Дајте да постапуваме и да го измениме Законот. Споменикот на Никола Карев пред Собранието исто така е дивоградба, пред таква институција“, рече Пендаровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.