Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, го посети семејството, коешто ја загуби својата куќа во пожар.

Брзата интервенција на Територијалната противпожарна служба спречи понатамошно проширување на пожарот. За среќа во пожарнот нема жртви, а причинета е поголема материјална штета.

Од страна на надлежните служби се информирав за целокупната ситуација и настанатата штета. Следува истрага за причината поради која настанал пожарот, додека ние ќе во рамки на можностите ќе се обидеме да излеземе во пресрет на семејството – изјави Пецаков при посетата на семејството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.