Хуманитарната организација „Свети Спас“, која веќе подолг период се обидува да укаже на потребата од донесување Закон за хуманитарни организации и донации одржаа средба со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, со цел да се најде начин за нивниот предлог да добие место во Собраниската работа

Најпосле нашиот предлог закон „влезе“ во парламентот на Македонија… Имавме средба со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, г-дин Никола Мицевски и пратеникот г-дин Бојан Стојаноски со коишто разговаравме за нашиот предлог-закон за хуманитарна помош и потребата на регулирање на хуманитарната помош како и контролирање на собирањето и донирањето на донациите.

 

Се надевам дека и останатите парламентарни политички партии ќе покажат интерес и ќе нѐ повикаат да разговараме за потребата од донесување на ваков закон.

Бог да ве благослови!!! – велат од организацијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.