Изреволтирани сме и разочарани од оваа изјава на министрите за здравство и финансии. Се надевавме, очекувавме и баравме исклучително писмен документ во кој ќе гарантираат дека работите ќе се движат, бидејќи во минатото сме биле доста залажани со усни изјави и ветувања и затоа сега не можеме да се потпреме на тие и не можеме да бараме од пациентите повторно после две ипол години да го одложат протестот и да чекаат нешто да се среди, изјави Фики Гаспар од Асоцијацијата за цистична фиброза на денешната прес-конференција.

Најавија дека сепак утре ќе го одржат протестот пред Влада

 

 

Ние изјавуваме дека утре протестот продолжува тука пред Влада во 12 часот и ги покануваме сите граѓани кои сакаат да не поддржат, се со цел да го добиеме правото на лек и да сфатат дека време за чекање немаме. Правните работи се обврска на надлежните и се надевам дека ќе ги решаваат брзо. после протестот инсистирањата ќе продолжат до сите ресорни институции да има решение, вели Гаспар.

Ивана Атанасовска претседателка на Асоцијацијата за цистична фиброза порача дека на пациентите со цистична фиброза времето не им оди во прилог

Надлежните кога ќе ги носат наредните одлуки да земат една сламка и да пробаат да дишат низ неа за да ја сфатат итноста на нашата состојба и се надевам дека во тој случај ќе донесат многу побрзо решение и ниту еден живот нема да биде загрозен. Бројот на пациенти се зголемува, особено поради вакви работи што дополнително ни го зголемуваат здравјето со стресови, дали ќе има или ќе нема одлука и сето тоа влијае, колку и на физичкото толку и на психичкото здравје. Имаме пациенти кои се веќе постојано на кислородна поддршка, но тој број ќе се зголемува бидејќи на нас времето не ни оди прилог, порача Ивана Атанасовска претседателка на Асоцијацијата за цистична фиброза.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.