Тројцата од сите петмина инволвирани во кривичното дело имаме признание за целиот ангажман и кој какви дејствија презел и кој за што бил задолжен, Ова денеска го истакна шефот на Скопското јавно обвинителство, Гаврил Бубевски на прес-конференција.

Според него, ова дело се казнува најтешко што може како казна според законите во земјава.

-Ќе биде издадена и меѓународна потерница за лицето кое не е во државата. Мотивот е користољубие, но при грабнувањето, веќе е чисто убиство и се казнува најстрого според Кривичниот законик, рече Бубевски.

Љупчо Палевски-Палчо е лицето кое е нарачател на убиството на малолетничката Вања Ѓорчевска, како и на берберот Панче Жежовски. Тој во моментов не е достапен за органите на прогонот.

Министерот Оливер Спасовски нагласи дека Палевски ја напуштил државата на 30 ноември. Излегол со возило заедно со неговиот адвокат со кого отишол во Белград па потоа преминал во Бугарија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.