Свирепото убиство на 14-годишната Вања ја потресе целата македонска јавност. Имено, според информациите на МВР во ова убиство бил вмешан и Љупчо Палевски – Палчо, за кого полициската истрага наведува дека токму тој стои зад двојното убиство извршено во Велес каде е убиен 74-годишниот фризер, Панче Жежовски и во Скопје каде е убиена 14-годишната, Вања Ѓорчевска.

Палевски е недостапен и најверојатно е надвор од Македонија. Според она што може да се увиди на неговиот ФБ профил, тој имал објави секојдневно освен на 27-ми ноември, кога според истрагата е извршено киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања.

Но, исто така Љупчо Палевски со прекар Палчо е познат по емисиите кои што ги имаше на порталот „Инфомакс“.

Во моментот кога се дознава од МВР вмешаноста на Љупчо Палевски – Палчо во овој случај, порталот „Инфомакс“ ја брише последната негова емисија која се случила на 17.11.2023.

Исто така, и на „Јутјуб“ каналот на „Инфомакс“ може да се забележи дека доста видео записи се избришани каде што нивни гостин е токму Љупчо Палевски – Палчо и каде што заедно дебатираат на разно разни теми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.