Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски, во вечерашното гостување во емисијата 10 минути на ТВ 24, вели дека ВМРО-ДПМНЕ не учествува во работните групи за измени на уставот бидејќи нивниот став е јасен а тоа е дека не поддржуваат промена на македонскиот устав.
Таа тема иако ние постојано велиме дека е затворена и дека ова што сега го прават не смеат да го прават, бидејќи таа комисија за да се формира треба да има прво мнозинство во собранието со над 80 пратеници да се изгласа потребата за измена на уставот и еве ги повикуваме веќе подолго време веднаш да ја закажат, ако имаат над 80 пратеници, за да видиме дека има волја за промена на уставот. Но, они ова што го прават со некакви експерти од СДСМ и нивната коалиција, не може да помине, изјави тој.
Ова е срамно на кој основ ќе ги плаќаат парите спрема тие луѓе за хонорари, смета Мисајловски за таканаречената експертска група.
Мисајловски ги повика пратениците на СДСМ и ДУИ ако се сигурни дека имаат 80 пратеници уште утре да ја стават точката на дневен ред и да гласаат, укажувајќи дека немаат доволно пратеници за уставните измени.
Ако они се сигурни дека ова е стратешки најважно прашање во овој момент, ги повикуваме уште утре да го стават ова на гласање и да виде целиот народ дали има 80 пратеници. Јас ви велам дека ќе нема, вели Мисајловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.