Осми ден под мотото „Ултиматум, не, благодарам“ се одржуваат протестите против францускиот предлог.

Протестната поворка тргна од Владата, па преку Министерството за правда се упати пред Собранието.

Со пораката „Никој не победил народ“ демонстрантите ѝ порачаа на власта дека секој ден ќе бидат во 7 пред Владата и нема да дозволат бугаризација.

и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој денеска не е на чело на протестната поворка, со видеопорака утрово повика на масовност.

Протестите се одржуваат секој ден со исклучок на саботата кога не се одржаа поради муслиманскиот празник Курбан Бајрам и во петокот кога незадоволството беше изразено преку блокади во Скопје и на магистралните патишта Штип – Велес, Струмица – Радовиш и Плетвар – Прилеп.

СДСМ наместо да етикетира треба да прифати дека народот на ова се спротивствавува и да отстапи од насилно и шверцерско понижување на Македонија и на македонскиот народ.Во исто време СДСМ треба да престане со креирање на сценарија преку инфилтрирани провокатори и создавање на меѓуетнички тензии. Народот е обединет и ваквите режии на Спасовски, Османи и Ковачевски не поминуваат, порача денеска ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.