Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи денеска е во работна посета на Виена каде на негово барање се одржува засилен состанок на Постојаниот совет на ОБСЕ.

На состанокот, информираа од МНР, ќе бидат отворени прашањата поврзани со предизвиците на Организацијата, актуелните состојби во регионот на ОБСЕ и други.

Во рамки на својата посета, Османи во својство на претседавач со ОБСЕ, како што е најавено, ќе се обрати и на специјален настан посветен на управувањето со ризици од катастрофи под тема „Солидарноста на Скопје пресликана низ регионот на ОБСЕ: Учење од минатото за соочување со денешните заеднички предизвици“, а ќе ја посети и изложбата „ Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста Скопје“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.