Министерот за надворешни работи Бујар Османи изрази жалење оти Бугарија го повлече амбасадорот во Македонија, Ангел Ангелов. Смета дека тоа е неосновано, а источниот сосед потклекнал пред провокациите. Според него, треба да се продолжи ладнокрвно и внимателно, за да се заштитат интереси, а не како што вели: „да се качиме на вагонот на емоциите на јавноста, за да се добијат краткорочни аплаузи, а да се направат долгорочни проблеми“
Последните активности на Софија не се во согласност со договорената практика за подобрување на односите, туку се потклекнување на провокациите. Повикувањето на амбасадор во матичната држава можеби е вообичаена пракса, МНР изразува жалење за ваквиот чекор кој сметаме дека е неоснован, непоткрепен со валидни аргументи и непропорционален, кажа Османи.
Го осудил настанот поради загриженоста на родителите на Христијан Пендиков, а откако имало првична проценка на Обвинителството.
Последниот инцидент го ставивме низ правосудните процеси. Ние го осудивме настанот, остварив посета во Софија каде што уште еднаш ја демонстриравме одлучноста на државните органи за одржување на правна сигурност. Нашата осуда беше откако охридското Обвинителство имаше првична проценка дека инцидентот е поради идентитетски обележја, додаде Османи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.