Комесарот за проширување Оливер Вархеји за време на престојот во Македонија имаше средби со речиси целиот државен врв. Но, највпечатлива беше средбата со шефот на дипломатијата Бујар Османи во зградата на Министерството за надворешни работи на кејот на Вардар.

Османи како добар домаќин го прошета низ целата зграда која е дел од проектот „Скопје 2014“ , потоа низ прозорецот му го покажуваше плоштадот, мостовите и Галијата.

За Вархеји поубаво да го види центарот на Скопје Османи го качи и на покривот на МНР од каде се пружа прекрасен поглед на сите споменици од проектот Скопје 2014 и кој беше направен кога ДУИ исто така беше дел од власта.

Во придружба на Османи беше и вицепремиерот Маричиќ кој на гостинот од ЕУ му ги објаснуваше статуите кои ја красат терасата на министерството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.