Претседавач со ОБСЕ, Министерот Бујар Османи, денес се обрати пред Амбасадорскиот совет на Унгарија, кој е во организација на Министерството за надворешни работи и трговија на Република Унгарија.

Носечка тема на излагањето беа предизвиците и соработката во рамките на претседавањето на Македонија со ОБСЕ во 2023, во насока на што поскорешно постигнување мир и стабилност на Европскиот континент. Османи ја искористи можноста пред највисоките унгарските дипломати да ги претстави перспективите и предизвиците на процесот на европската интеграција на Македонија, изразувајќи благодарност за исклучителната соработка меѓу дипломатиите на двете земји, особено од аспект на поддршката од страна на претставниците на унгарската дипломатија за нашите предизвици.

 

Во рамки на работната посета на Будимпешта, министерот Османи оствари и билатерална средба со министерот за надворешни работи и трговија на Република Унгарија Петер Сијарто, каде беа реафирмирани одличните билатерални односи меѓу двете земји, поддршката за нашите европски интеграции, како и сојузништвото во рамките на НАТО.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.