Министерот за надворешни работи Бујар Османи гостува вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде разговаравме околу доаѓањето на американскиот тим за борба против корупцијата.

Според Османи, САД ги следат тие кои што ги спречуваат важните процеси на Балканот.

„Мислам дека се сеќавате на извршната наредба на американскиот претседател Џо Бајден кога кажа САД ќе ги следат тие кои што ги спречуваат важните процеси на Балканот, вклучувајќи ги и Рамковниот договор, Преспанскиот договор и општиот развој или прогрес на регионот или државите. И они тоа го прават, го прават во БиХ, во Република Српска со Додиќ, еве последно имаше ставање на црна листа на обвинител во БиХ поради влијание да не се решаваат одредени важни прашања“, вели Османи.

Според него, тоа е комплементарна активност на активностите кои секоја од државите ги презема.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.