Потпретседателот на ДУИ Бујар Османи извести дека разговарале со СДСМ дали претседателските и парламентарните избори ќе се одржат заедно или одделно. Тој негираше дека разговарале за кандидатот за претседател, па дури и за тоа дали ќе одат со заеднички листи, но како што додаде, нема простор да се преговара за договорот за премиер Албанец во последните 100 дена од овој владин мандат.

„Премиер предложен од ДУИ во последните 100 дена ќе има. Ова е дел од договорот и нема простор за преговори. Не сме стигнале до таа фаза да разговараме како ќе бидат изборите, со какви коалиции и слично и со кои кандидати. Сега сме во фаза на одредување на датумот на изборите и дали ќе бидат заедно или одделно. Последните средби што се одржаа со СДСМ беа исклучиво на оваа тема“, вели Османи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.