Тензично и мачно беше на денешната комисија за надворешна политика. Најмалку се говореше за тоа тоа што требаше, а тоа е македонскиот одговор на т.н сет на барања на Бугарија наречен 5+1.

Од Османи денеска не слушнавме ништо што има во одговорите туку дека веќе не се  5+1 туку 4+1 бидејќи едното било прашањето за упортребата на краткото име „Ceверна Македонија“.

И за ова прашање професорката Гордана Силјановска имаше забелешки и предупреди дека тоа може да е замка.

Краткото име нешто друго асоцира. Ако во минатото речете Република Македонија, или државата Македонија тоа е референца специфика во однос на Македонија генералис, историја географија, етнографија сега не е така. Зошто кога ќе ја кажете државата со новото име тоа е територија која нема однапред одредница. Значи ако имаше во науката и меѓународните односи се споредуваат исти ентитети, не се споредува држава со географски територии, вели Силјановска Давкова.

За останатите прашања Османи не даде одоговор со изговор дека тоа се драфт документи за кои се преговара. Вети, дека кога ќе има нешто конкретно пак ќе дојде во Собрание.

Еден од највечатливите говори имаше пратеничката Благица Ласковска кој го праша Османи со кое право тој преговара за неа како Македонка и оти граѓаните со право се исплашени и не му веруваат.

Османи немаше одоговор и на прашањето на Ласковска да го искоментира текстот на „Дојче Веле“ кој пишува дека премиерите Петков и Ковачевски веќе договориле Бугарите да влезат во македонскиот устав.

Тој цело време нервозно мрдаше со нозете и вретеше на мобилниот телефон и чекајќи претседателот Милошоски да објави крај на комисијата.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.